| Македонски Фестивал во Hollywood, Florida |
| Sunday, 07 February 2010 | |||||||
|
Фествалот се одржа во познатиот Arts Park, каде што веќе вредната женска секција при МПЦ “Св.Димитриј“ имаше организирано штандови со прекрасна и вкусна македонска храна, македонски вина и македонско пиво. Свиреше наш македонски бенд и на расположените Македонци во прославата им се придружија и многу Американци. Фестивалот го отвори хонораниот конзул госпоѓата Дана Клејн, потоа ги поздрави присутните и му дадоа подршка на фестивалот - Мајорот на градот, Македонскиот амбасадор во САД неговата еминенција господинот Зоран Јолевски, господинот Горги Атанасовски, претседателот на МПЦ г. Васил Стевановски и други присутни, со надеж следните да бидат многу помасовни и да прераснат во традиционални. Тоа е Македонецот, каде и да е, секогаш и секаде највисоко го издига своето македонско име. Бевме колевка на културата и писменоста, а и врата преку која влезе христијанството во Европа. Не е доволно само народите и светот да не спомнуваат како народ од Библијата, туку мораме да ги потсетиме дека тој Македонски народ и денес егзистира не само во Република Македонија туку и низ целата земјина топка во свои Македонски Црковни и култирни центри. Известува: Отец Митко Попоски
3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||