Насловна arrow Православие arrow Вера и Живот arrow Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ

 
Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ Отпечати
Оцени ја статијата: / 1
ЛошоНајдобро 
Thursday, 24 December 2009

За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто што е многу поважно од Грција, меѓународната политика или што било друго. Затоа задржете се убаво на трите колумни, прочитајте ги двапати и размислете за тоа што е важно во животот.

За православниот Божиќ ќе зборувам за традиционалната Божиќна приказна, која можете да ја најдете во новиот завет од Библијата. Важно е да се запамети причината за прослава, а честопати губиме од вид зошто се слави Божиќ и имаме тенденција повеќе да се фокусираме на настаните и активностите околу празникот. Сепак засега да се навратиме на Стариот завет и на тоа што беше кажано за претстојното раѓање на бебето чиј роденден го славиме и зошто го славиме.

Раѓањето на историскиот Исус од Назарет е претскажано од пророците во Стариот завет многу порано пред да се роди Исус. Во книгата на Исаија, глава 7, стих 14, можеме да прочитаме „Затоа Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел“. Целата 53. глава од книгата на Исаија е за Исус. Книгата на Исаија била напишана околу 800 години пред раѓањето на Исус. Во стариот тестамент, во книгата на Михеј, глава 5, стих 2, пишува „А ти, Витлеему Ефрато, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е во дамнини, од вечните времиња“. Исто како и Исаија, Михеј пишувал 700 години пред раѓањето на Исус.

Зошто го спомнувам ова? Бидејќи е важно да се запамети дека раѓањето на Исус е предвидено многу порано пред да се случи вистинскиот настан. Ова може да им помогне на оние што не се сигурни во веродостојноста на Библијата, да ги разберат и да им веруваат на напишаните зборови. Стотици години пред доаѓањето на подарокот им било кажано на Израелитите, за да знаат, да бидат подготвени и да го побараат.

А сега, да се потсетиме на причината за оваа божиќна сезона: ние го славиме подарокот, раѓањето на еврејското момче во селско семејство пред 2.000 години. Еврејското момче - Исус од Назарет - истовремено беше и човек и Син на Господа, даден како подарок. Што ме води до мојата наредна поента: давањето подароци.

Ние традиционално даваме подароци на Божиќ за да го запаметиме најголемиот подарок од првиот Божиќ. И покрај фактот дека поголемиот дел од христијанскиот свет, посебно Западот, претерува со трошењето за време на Божиќ, треба да се запамети моментот на подарувањето.

Речиси 14 години Македонија е мој втор дом. Привилегија ми е што запознав многу Македонци, од кои многумина сега ми се блиски и драги пријатели. Со текот на годините дознав дека Македонците се дарежливи луѓе - невозможно е да ве поканат на ручек и притоа да не ви дадат многу храна и пиење, како и многу од времето на домаќините. Во Новиот завет, во втората книга на Коринтијанците, апостолот Павле им пишува на црквите во Коринт за дарежливоста и великодушноста на Македонците. Тој во првите четири стиха од глава 8 пишува: „Ве известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија. Иако во многу неволји, со кои беа искушувани, нивната преумножена радост и длабока беда, покажаа пресериозно богатство на нивната дарежливост. Зашто сведочам, дека според своите можности, и преку нив, дадоа доброволно. И нé молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службите на светите“.

Павле им кажувал на коринтијанските цркви дека македонските цркви великодушно му давале нему и на неговите сопатници во нивните мисионерски мисии и покрај тоа што Македонците поминувале низ тешки неволји. Ви звучи познато? И Павле сакал да ги охрабри Коринтијанците да ги имитираат Македонците.

Денеска, дозволете ми да ве охрабрам да бидете како тие македонски цркви од првиот век при дарувањето. Сфатив дека вие традиционално дарувате подароци на Нова година (наместо за Божиќ), но подарувањето треба да биде околу нас цела година. Тука во САД во овој период од годината имаме многу подарување во различни програми на заедницата: банката за храна во локалната заедница што им дава храна на засегнатите семејства. Програмата „Играчки за Тотс“, кој е организирана од маринскиот корпус, собира играчки за децата кои ги немаат. Евангелистичката спасувачка мисија ги отвора своите врати за бездомниците, кои немаат каде да живеат.

Како што се приближуваат Божиќ и Нова година, размислете: дали познавате некое дете на кое му е потребна играчка или облека? Дали познавате семејство на кое му е потребна храна или основни продукти за живот? Дали има некоја вдовица, на која и треба храна или дури и место каде ќе отиде за Божиќ или Нова година? Ако е така, најдете го тоа дете, тоа семејство, таа вдовица и великодушно дајте им од вашето време, вашиот дом или вашите пари. Давајте подарок, давајте великодушно и не очекувајте ништо за возврат. И запаметете ја причината за сезоната.

Авторот е независен и слободен интелектуалец
     
       


извор: Нова Македонија



Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Ве молиме внесете го anti-spam кодот кој го гледате.

3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

A Name is a name

Св. Трифун
 

Беседи

СВАДБАТА ВО КАНА (Јн. 2, 1-11)

Свадбата во Кана Галилејска е уште едно евангелско собитие, возљубени браќа и сестри, во кое символички е изобразен целиот Домострој на спасението. Човечката историја ни се открива како...
Повеќе

Духовни Текстови

ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, безволност, властољубие и празнословие. Даруј ми, пак, на на Твој слуга, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.Еј,...
Повеќе

Литургија по Литургијата

(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37) Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред...
Повеќе

Современи Автори

Етичките проблеми на новите "технологии на зачнување" (вештачкото оплодување)

article thumbnailТвоите раце ме создале и ме оформиле... Сети се дека како глина си ме замешал... Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, живот и...
Повеќе

Написи

Митрополит Методиј - ЦРКВАТА И МЛАДИТЕ

Поттикнати од вродената наклоност кон историскиот оптимизам често правиме проекции на својата благочестива надеж за опстојување на Црквата сé до исполнувањето на времето. До светата...
Повеќе

Вера и Живот

Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ

За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто...
Повеќе

КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?

Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев  во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по...
Повеќе


Со Смрт, Смртта си ја згазил
Денес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми...
Денот кога умре смртта
Според логосот на хроничната недоверба со која европејскиот син ја консумира стварноста громаден камен на сопнување е фактот на Христовото воскреснување...
Окото на Духот
Со благослов Божји, во радост пасхална, ја поминуваме и шестата седмица од великата Педесетница. Во овој ден Црквата Божја нè соочува со животната судбина на чудесниот евангелски јунак – слепородениот...
Колбе: „Сите сме Егејци“
Се разбира првото мое дело што го објавив 1999 година „Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува. Таа книга има и многу политички потенцијал, јас таму не само што за првпат ...
Статии на Велик Петок - CD и книга
Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“...
 JoomlaWatch Stats 1.2.0