Насловна arrow Православие arrow Духовни Текстови arrow Литургија по Литургијата

 
Литургија по Литургијата Отпечати
Оцени ја статијата: / 5
ЛошоНајдобро 
Saturday, 28 November 2009

(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37)


Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред нашата куќа се случи страшна сообраќајна несреќа, пришто eден стар човек беше удрен од кола, беше тешко повреден и крвареше насекаде. Тогаш, мојата обука за прва помош ми се најде прирака. Се сетив дека треба да си ја ставам главата меѓу колената, за да не се онесвестам.“
Пет однесувања
 Во параболата за милостивиот Самарјанин, Господ Исус Христос, ни открива пет однесувања, што ние ги имаме кон луѓето:
1. Однесувањето на разбојниците. Тие видоа жртва – да ја искористат и да ја ограбат.
2. Однесувањето на свештеникот и на левитот. За нив, претепаниот човек покрај патот беше незгода, некого што треба – да го заобиколат.
3. Однесувањето на гостилничарот, за кого ранетиот човек беше – само  муштерија.
4. Однесувањето на законикот, за кого претепаниот човек беше – проблем  да се разговара за него.
5. Однесувањето на милостивиот Самарјанин, за кого претепаниот беше  – човек да го сакаш и да му помогнеш.
Прозорци и огледала
 Каде и да живееме, ќе најдеме две работи направени од стакло, односно прозорци и огледала. Гледаме низ прозорец, а се гледаме во огледало. Огледалото просто го отсликува она што е пред него. Гледаме во огледало – да се видиме како изгледаме, но не ни е потребно огледало – да видиме како изгледаат останатите луѓе. За тоа ни е потребен прозорец.
 Нашиот начин на живот може да биде како прозорец или како огледало. „Луѓето огледало“ се гледаат себеси како нешто големо. „Луѓето прозорец“, пак, гледаат подалеку од себеси, во другите луѓе, во светот. Нивното гледање ги води да се грижат за оние, на кои им е потребна помош. „Луѓето прозорец“ се отворени за другарување, соживот и споделување мисли со останатите луѓе.
 „Луѓето огледало“ можат да се видат само себеси. Во тоа лежи нивната беда.
 Христос и Неговите следбеници се „луѓе прозорец“, водејќи сметка за интересите на другите исто како и за сопствените, наоѓајќи најголема животна радост во помагањето на „еден од овие Мои најмали браќа.“
Тротоар управници
  Еден капелан проповедал за недостатокот од дух на милостивиот Самарјанин во светот денес. За да го илустрира тоа, тој раскажал за една епизода, што се случила во Њујорк: „Во времето за ручек, со еден пријател тргнавме кон најблискиот ресторан, кога здогледавме како на улица паднат лежи беспомошен човек.“ По мала пауза, тој додал: „Не само што никој не се потруди да застане и да му помогне на кутриот човек, туку враќајќи се назад по ручекот, ние го видовме како уште лежи на истото место.“
 Како и свештеникот во параболата за милостивиот Самарјанин, тој капелан бил „милостив“ на тој начин што само поминал покрај човекот.
 Коментирајќи на параболата за милостивиот Самарјанин, некој рекол: „Немашните лежат крварејќи покрај патот, а имотните ги одминуваат на својот пат в црква.“
Слепи за Божјото присуство меѓу нас
 Кога Исус ја кажал параболата во денешното евангелско четиво, Он намерно избрал свештеник и левит, како пример за оние кои само поминале на другата страна. И двајцата биле верски работници со полно работно време; и давајцата ги познавале Заповедите; и двајцата биле добри црковни луѓе. Не се ли обидуваше Исус да ни каже нешто посебно нам, на луѓето што сме активни црковни работници? Можеше ли Неговата порака да биде тоа дека, иако можеби живееме во Бога на толку многу начини, сепак не го ни препознаваме ликот Христов во нашиот ближен, одминувајќи го по патот на животот? Всушност, ние сме слепи за Бога. Го одминуваме, кога ќе Го видиме како сиромав и странец.
 Параболата, изгледа сака да ни каже дека – ако навистина се соживуваме со потребите на нашиот ближен, ќе Го најдеме Христа непосредно на нашиот пат, врвејќи по патот на животот. Некаде денес, ќе се најде некој на кого сме му потребни. Ќе се најде некој, на кого Господ сака да му помогне преку нас. Тоа може да биде пријателски збор, притекнување на помош, неизнуден подарок, сведоштво со збор или дело што од нас го бара Господ денес. Ако навистина Го последуваме Господа Исуса, ние ќе живееме за Христа, Кој доаѓа при нас овде и во овој час, скриен во бедните и гладните, онеправданите, напуштените, затворените. „Христос е меѓу нас,“ велиме на Литургијата. „Е, и секогаш ќе биде,“ одговараме притоа. Он постојано доаѓа на толку многу различни начини, исто како што им се јави на Неговите ученици на патот за Емаус како странец! Но само откако Му понудија гостопримство на тој Странец, тие можеа да видат дека Он беше навистина нивниот Господ. „Странец бев и Ме прибравте,“ вели Он.
 Мартин Бубер еднаш рекол: „Ме прогонува едно видение: - Има еден сиромав пред портите на Ерусалим, а тоа е Спасителот. Он чека да Го прибереме дома.“
 Истиот Спасител чека надвор пред портите на нашите домови. Тој е било кој и секој човек што има некоја потреба.
 Ете, затоа свети Василиј вели: „Лебот во твојот шкаф им припаѓа на гладните. Капутот што виси неупотребен во твојата гардероба, му припаѓа на оној што му треба; парите што во изобилие ги собираш в банка, им припаѓаат на сиромасите; грешиш тогаш, кога би можел да делиш, а не делиш...“
Три перспективи
 Во параболата за милостивиот Самарјанин, Исус илустрирал три перспективи на животот. Прво, тука биле разбојниците, кои го ограбија патникот на патот кон Ерихон. Како оние што безмилосно ги користат сиромасите, нивното однесување било: „Она што е твое - е мое. Ќе ти го земам.“ Второ, овде биле свештеникот и левитот, кои поминувале тука, одбивајќи да се занимаваат со човекот што крварел покрај патот. Исто како и оние денес, кои се толку зафатени (одејќи на молитва?), што само ги одминуваат сиромасите, нивното однесување било: „Она што е мое – е мое. Не го давам.“ Трето, тука бил милостивиот Самарјанин, кој застанал, погледал и дејствувал: го подигнал ранетиот човек, му ги преврзал раните, го однел во гостилницата, ги платил сметките, па дури ветил и дека ќе се врати и дека ќе доплати. Неговата грижа, неговата љубов, нам, како на христијани, секогаш треба да ни бидат пример – та ова да биде нашето однесување: „Што е мое: моето време, моите таленти, мојот имот? Всушност, тие не се мои, туку Господови. Ќе ги делам со другите.“
Литургија по Литургијата
 Кога ќе заврши Литургијата во недела, излегуваме во светот за да служиме друга Литургија. Тоа се вика „Литургија по Литургијата.“ Тоа е онаа Литургија, која се извршува покрај патот, таму кајшто има сиромаси, страдалници, ранети, обесправени луѓе. Кога им служиме ним, Му служиме на истиот Христос, Кој е присутен на Литургијата. Се допираме токму до истото Тело; го храниме и го облекуваме токму истото Тело. Литургијата треба да биде продолжена на овој многу личносен и практичен начин, во секојдневните животни прилики. Кога ќе ја  завршиме Литургијата в црква, а потоа не ја продолжуваме дома, ја обесветуваме Евхаристијата. „Кога почнува Литургијата?“, прашал некој. Одговорот бил: „Таа почнува кога си одиш од црква.“
 Има една легенда за некого, кој се затекол заглавен во песочна бура.
 Конфуциј го видел и забележал: „Еве ти доказ, дека луѓето треба да избегнуваат вакви места.“
 Буда поминал и рекол: „Нека тој живот биде поука за остатокот од светот.“
 Мухамед за човекот рекол: „За несреќа, тоа е волјата на Алах.“
 Хинду му рекол: „Радувај се, пријателу, ќе се вратиш на земјата во друга форма.“
 Но, кога Исус го видел, Он му рекол: „Дај ми ја раката, брату, Јас ќе те извлечам.“
 „Оди, и ти прави така,“ му вели Господ Исус на секого од нас. Тоа е вистинската Литургија.
Молитва
 Господи, патот за Ерихон е патот на животот. Наоѓаме многумина ранети овде. Пружајќи ја Твојата десница од небото за да ни помогнеш кога лежиме ранети и заробени од гревот, така дај ни да пријдеме и да им помогнеме на нашите ближни, благодарејќи Ти што можеме да бидеме дарители, наместо приматели. Амин.
  

  

Подготвил, протоереј-ставрофор Бранко Постоловски



Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Ве молиме внесете го anti-spam кодот кој го гледате.

3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

A Name is a name

Св. Трифун
 

Беседи

СВАДБАТА ВО КАНА (Јн. 2, 1-11)

Свадбата во Кана Галилејска е уште едно евангелско собитие, возљубени браќа и сестри, во кое символички е изобразен целиот Домострој на спасението. Човечката историја ни се открива како...
Повеќе

Духовни Текстови

ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, безволност, властољубие и празнословие. Даруј ми, пак, на на Твој слуга, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.Еј,...
Повеќе

Литургија по Литургијата

(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37) Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред...
Повеќе

Современи Автори

Етичките проблеми на новите "технологии на зачнување" (вештачкото оплодување)

article thumbnailТвоите раце ме создале и ме оформиле... Сети се дека како глина си ме замешал... Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, живот и...
Повеќе

Написи

Митрополит Методиј - ЦРКВАТА И МЛАДИТЕ

Поттикнати од вродената наклоност кон историскиот оптимизам често правиме проекции на својата благочестива надеж за опстојување на Црквата сé до исполнувањето на времето. До светата...
Повеќе

Вера и Живот

Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ

За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто...
Повеќе

КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?

Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев  во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по...
Повеќе


Со Смрт, Смртта си ја згазил
Денес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми...
Денот кога умре смртта
Според логосот на хроничната недоверба со која европејскиот син ја консумира стварноста громаден камен на сопнување е фактот на Христовото воскреснување...
Окото на Духот
Со благослов Божји, во радост пасхална, ја поминуваме и шестата седмица од великата Педесетница. Во овој ден Црквата Божја нè соочува со животната судбина на чудесниот евангелски јунак – слепородениот...
Колбе: „Сите сме Егејци“
Се разбира првото мое дело што го објавив 1999 година „Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува. Таа книга има и многу политички потенцијал, јас таму не само што за првпат ...
Статии на Велик Петок - CD и книга
Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“...
 JoomlaWatch Stats 1.2.0