| ГЛАСОТ НА ВИСТИНАТА ОДЕКНУВА – ВРЕМЕ Е ЗА ПОСТ |
|
| Saturday, 28 November 2009 | |||||||
|
Започнува Божикниот Пост. Време на воздржување, покајание и поправање на нашиот живот. Во секоја Црква им се кажува на Православните верници дека постот започнува и како добри Христијани треба да се придржуваме кон него од почетокот па се до крајот. Сепак, во мнозинството наши Македонски Цркви народот е збунет. Од една страна им се соопштува за Постот, а од друга, пак, добиваат покани од име на Црквата за посетување на забави кои Таа (Црквата) ги организира и тоа веднаш на почетокот на самиот Пост (во Сабота, за “Thanksgiving”) и баш пред самиот крај на Постот (за граѓанска Нова Година). На оваа тема е многу зборувано, но сеуште вистината не може да пробие на површина. Сепак, ова не треба да биде причина за обесхрабрување. Ако искрено се “љубиме еден со друг“ како што Бог не поучува, тогаш ќе се трудиме и да се поправаме едни други онаму каде што грешиме и заеднички достојно да Му служиме на Господа. Посебно пак кога се работи за Црквата – тука не смеат да се дозволат никакви отстапувања. Да не Го жалостиме Бога, да не го навлекуваме Неговиот праведен гнев и строг суд и казна врз нас заради ваквите наши гревови. Да бидеме внимателни и да не ја спроведуваме на дело параболата за Лозарите. Зашто, како што слугите биле праќани при нив од Господарот на лозјето, така и меѓу нас постојат некои кои постојано укажуваат на тоа дека не треба да се организираат игранки во име на Црквата за време на пости. Но, како и слугите, наместо да бидат послушани, тие биваат или игнорирани, или обвинувани, или, како со камења со навреди опсипувани. Но, еве, ако не ги слушаме нив, тогаш барем „да се засрамиме од Сина Му“ на нашиот Господ Седржител. Не како лозарите во параболата да Го убиваме повторно, зашто речено е од светите оци: „Кој не пости во среда и петок, повторно Го распнува Господа“. Да внимаваме, некои меѓу нас ги повикуваат луѓето (и тоа од име на Црквата и баш во Црквата) да не постат за време на Божикниот пост и токму во петок – ете овој пат граѓанска Нова година паѓа во четврток наспроти петок). Зарем ќе бидеме како книжниците и фарисеите ние што се претставуваме како добри православни Христијани? Ние кои читајќи го Светото Евангелие и самите ги осудуваме тие фарисеи и книжници што ни Го распнале Господа? Но, ајде да се покажеме како вистински синови Божји и да сториме се што е во нашите можности и да го прекинеме организирањето на вакви прослави во нашите Цркви за време на пости. Во спротивно, Господарот „ќе го одземе од нас Своето лозје и ќе го предаде на други лозари“, а и заслужената казна одредена за лошите лозари нема да не одбегне. Но, нека не биде така: да размислиме добро, да и дозволиме на вистината да да пробие до нас и да се удостоиме како Закхеј, со чисти срца и покајание за поранешните дела, да Го примиме Господа во нашиот очистен и уреден дом – светата и непорочна наша Црква, па да допрат и до нас Неговите топли зборови: „Денеска дојде спасението за овој дом“.
сХ. *Текстовите кои ги објавуваме во рубриката Inbox се испратени до редакцијата од наши читатели. Текстовите претрпуваат минимални лекторски и граматички корекции, но во основа се непроменети. Содржината и темите на добиените текстови на никаков начин не се под влијание на Редакцијата на АКМПЕ. Објавените текстови не секогаш ги изразуваат ставовите на Редакцијата но од друга страна секогаш го изразуваат нашето длабоко уверување дека нивното објавување ќе поттикне размислување на соодветната тема.
3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| СВАДБАТА ВО КАНА (Јн. 2, 1-11)Свадбата во Кана Галилејска е уште едно евангелско собитие, возљубени браќа и сестри, во кое символички е изобразен целиот Домострој на спасението. Човечката историја ни се открива како... Повеќе |
| ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИНГосподи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, безволност, властољубие и празнословие. Даруј ми, пак, на на Твој слуга, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.Еј,... Повеќе |
| Литургија по Литургијата(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37)
Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред... Повеќе |
| Етичките проблеми на новите "технологии на зачнување" (вештачкото оплодување) Повеќе |
| Митрополит Методиј - ЦРКВАТА И МЛАДИТЕ Поттикнати од вродената наклоност кон историскиот оптимизам често правиме проекции на својата благочестива надеж за опстојување на Црквата сé до исполнувањето на времето. До светата... Повеќе |
| Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто... Повеќе |
| КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по... Повеќе |
|
Со Смрт, Смртта си ја згазил Денес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми... |
|
Денот кога умре смртта Според логосот на хроничната недоверба со која европејскиот син ја консумира стварноста громаден камен на сопнување е фактот на Христовото воскреснување... |
| Окото на Духот Со благослов Божји, во радост пасхална, ја поминуваме и шестата седмица од великата Педесетница. Во овој ден Црквата Божја нè соочува со животната судбина на чудесниот евангелски јунак – слепородениот... |
| Колбе: „Сите сме Егејци“ Се разбира првото мое дело што го објавив 1999 година „Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува. Таа книга има и многу политички потенцијал, јас таму не само што за првпат ... |
| Статии на Велик Петок - CD и книга Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“... |