ЗА ПРОСТУВАЊЕТО Отпечати
Оцени ја статијата: / 4
ЛошоНајдобро 
Tuesday, 25 August 2009

Што е простување? Простувањето е заборавање  и ослободување од секој вид навреда, намерно или ненамерно, свесно или несвесно и извинување за секоја сторена грешка кон луѓето. Тоа е најдобриот начин  за  помирување и владеење на мирот меѓу луѓето. Затоа и потребата од простувањето е огромна. Во христијанскиот живот простувањето е една од важните христијански добродетели...



Недела 11-та по Педесетница
(Мат. 18: 23 – 35)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,
Во овој дел од Светот Писмо на Новиот Завет, што Црквата го одредила да се чита како поука во 11-та недела по Педесетница, се зборува за простувањето.
Што е простување? Простувањето е заборавање  и ослободување од секој вид навреда, намерно или ненамерно, свесно или несвесно и извинување за секоја сторена грешка кон луѓето. Тоа е најдобриот начин  за  помирување и владеење на мирот меѓу луѓето. Затоа и потребата од простувањето е огромна. Во христијанскиот живот простувањето е една од важните христијански добродетели. Преку простувањето се балансираат и се изедначуваат односите меѓу луѓето, се шири милоста меѓу нив и се надградува љубовта. Мирот и љубовта се неопходни во секоја заедница, во  семејството, бракот, општеството и сл. Мирот и љубовта се неопходни и во Црквата.  Христијанството е религија на љубовта, а плод на љубовта е - проштевањето. Поради преголема љубов кон нас Господ Христос страдаше. Од преголема љубов родителот се’ му проштева на своето чедо. Таму каде што има проштевање владее мир, а таму каде што нема  проштевање  владее омраза, делби, расправии и кавги.
 Црквата, во богослуженијата и молитвите, постојано повикува на меѓусебно проштевање и измирување.  Доколку немаме мир во себе и, доколку не сме во мир со  луѓето,  не сме достојни  ниту да присуствуваме на Света Литургија, а тоа значи не сме во мир ни со Бога.  Затоа Светата Литургијата започнува со молитва за мир: “Во мир на Господа, да се помолиме.“ (голема или мирна, ектенија).  “Прошка и разрешување на нашите гревови и погрешки, од Господа просиме“ (прозбена ектенија). “...прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници...“ (“Оче наш...“ Мат. 6:12). Затоа ќе речеме дека само човек исполнет со овие христијански добродетели има сила да прости и да биде миротворец.   
Нема човек кој нема потреба од простување или кој може да живее без прошка. Господ Исус Христос често зборувал за простувањето и еднаш кажал парабола зошто треба да простуваме. Параболата за  безмилосниот слуга, што се читаше денес, се совпаѓа со Божјата заповед: “Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани“ (Мат. 5: 7), или прости за да ти биде простено.  На безмилосниот слуга господарот му простил  10.000 таланти (во денешна вредност неколку милиони долари), а кога истиот тој слуга излегол  веднаш почнал да дави еден од своите познаници кој му должел само неколку парички. Нашите гревови се причина за страдањето на Синот Божји и ако Господ ни простил толку голем грев, тогаш мораме и ние да ги простуваме помалите навреди од луѓето. Доколку не го правиме тоа немаме право да се надеваме на милост од Бога. Народната поговорка вели:  “Оној што не сака да прости ги руши мостовите на кои и самиот треба да помине“.
Често се случува кога луѓето не сакаат да простат. Непростувањето е поради тоа што се чувствуваме морално повисоки од другиот и несакаме да се понижиме. Но, сепак, непријателството и горчината  во нас се шират како многу опасна рана која може да предизвика опасни последици и по самите нас. Непростувањето (или инаетот) ги прави луѓето кисели но и нервозни. Нема понесреќен човек од оној што не сака да прости. Иако навидум изгледа среќен, сепак, внатре, во душата, е вистински страдалник.  И во таков душевен кошмар и грижа на совеста  постојано бара изговор за своето непростување: Тој згреши, а не јас! Тој ми направи ова, ме навреди вака или онака и тн.
 Простувањето има и друга позитивна смисла – откачување на непријателите. Со непростувањето не само што сме во постојана внатрешна борба, борба со самите себе, туку сме во борба и со непријателите кое, пак, често доведува и до други несакани последици. Кога Винстон Черчил по завршувањето на изборната трка го прашале за неговите непријатели, опоненти во изборите, тој рекол: “Немам непријатели. Сите ги уништив со тоа што на сите им простив и ги направив свои пријатели“. Ништо не опушта и не го намалува товарот на непријателството како простувањето. Тоа е најдобрата терапија за поправање на расипаните меѓучовечки односи. Освен тоа, со задржување на лутината ја прекинуваме молитвената врска со Бога.
Простувањето треба да биде плод на љубовта, а тоа значи да извира од срцето на човекот. Секое друго простување не е вистинско и не е искрено. Во нашите односи често  слушаме: “Ти простувам, но нема да ти заборавам“ или  “Ти простувам, но не сакам повеќе да те видам“. Но, дали некогаш сме се запрашале: Што ако и Бог  нам ни го каже нам истото? Кој е од нас без грев? Колкумина поради нашиот груб однос се почувствувале навредени или измамени?  Тоа не е вистинско простување од срце туку прострување со устата, формално, и со голема доза на горчина и омраза. Се додека има присуство  и најмала доза на  омраза не можеме да зборуваме за вистинско простување. Да простиме и ние како што простил Господ Христос.  Оти “така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си“, рекол Христос (Мат. 18: 35).  Свети апостол Павле им советува на Ефесјаните: “Секое огорчение и јарост, гнев викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба; а еден спрема друг  бидете добри, сочувствителни, простувајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефес. 4:31). 
На крајот ќе додадеме: Колку болести кај луѓето би биле спречени и излекувани кога би си простувале еден на друг? Колку инфаркти би биле спречени? Колку тужби од судовите би биле повлечени?  Колку бракови би биле спасени и сочувани? Колку провалии меѓу родителите и децата би биле премостени кога би биле добри еден спрема друг, сочувствителни, кога би си проштевале како Бог што ни прости во Христа? Колку заедници би биле сочувани? Огромна е цената што ние, луѓето, ја плаќаме поради непростувањето.
Простувањето е христијански подвиг и плод на Божјата љубов.
Непростувањето е дело на ѓаволот.
Затоа и ние да си простиме еден на друг и да бидеме Христови следбеници. АМИН.

 


 

Rev.  ILIJA Donev




Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
Ве молиме внесете го anti-spam кодот кој го гледате.

3.20 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 

A Name is a name

Св. Трифун
 

Беседи

СВАДБАТА ВО КАНА (Јн. 2, 1-11)

Свадбата во Кана Галилејска е уште едно евангелско собитие, возљубени браќа и сестри, во кое символички е изобразен целиот Домострој на спасението. Човечката историја ни се открива како...
Повеќе

Духовни Текстови

ВЕЛИКОПОСНАТА МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, безволност, властољубие и празнословие. Даруј ми, пак, на на Твој слуга, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.Еј,...
Повеќе

Литургија по Литургијата

(Беседа за милостивиот Самарјанин, Лука 10, 25-37) Некое девојче, кое завршило обука за прва помош, во една прилика целото радосно, величајќи се себеси, вели: „Толку се радувам што синоќа пред...
Повеќе

Современи Автори

Етичките проблеми на новите "технологии на зачнување" (вештачкото оплодување)

article thumbnailТвоите раце ме создале и ме оформиле... Сети се дека како глина си ме замешал... Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, живот и...
Повеќе

Написи

Митрополит Методиј - ЦРКВАТА И МЛАДИТЕ

Поттикнати од вродената наклоност кон историскиот оптимизам често правиме проекции на својата благочестива надеж за опстојување на Црквата сé до исполнувањето на времето. До светата...
Повеќе

Вера и Живот

Џејсон Мико - БОЖИЌ, ПРВ ДЕЛ

За поголем дел од христијанскиот свет утре е Божиќ. Знам дека Божиќ го славите за две недели и токму поради тоа оваа колумна и наредните две ќе се фокусираат на Божиќ и на Нова година - нешто...
Повеќе

КОЈ ВИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРКВАТА?

Неодамна, извршувајќи ја својата парохиска должност по повод домашна слава, бев  во домот на едно православно семејство. По завршувањето на чинот – водосвет и режење на славскиот лебк, по...
Повеќе


Со Смрт, Смртта си ја згазил
Денес живееме во култура која ја одрекува смртта. Ова многу јасно се гледа ако погледнеме на било кое обично погребно претпријатие, кое се обидува да изгледа како и сите останати фирми...
Денот кога умре смртта
Според логосот на хроничната недоверба со која европејскиот син ја консумира стварноста громаден камен на сопнување е фактот на Христовото воскреснување...
Окото на Духот
Со благослов Божји, во радост пасхална, ја поминуваме и шестата седмица од великата Педесетница. Во овој ден Црквата Божја нè соочува со животната судбина на чудесниот евангелски јунак – слепородениот...
Колбе: „Сите сме Егејци“
Се разбира првото мое дело што го објавив 1999 година „Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува. Таа книга има и многу политички потенцијал, јас таму не само што за првпат ...
Статии на Велик Петок - CD и книга
Преводот и препевот од црковнословенски јазик, како и дизајнот ги направи митрополитот Американско-канадски Методиј, а музичката изведба е на хорот “Јустинијана Прима“...
 JoomlaWatch Stats 1.2.0